Општи информации

Традиција

Фабриката за електромотори СЕВЕР од Суботица формирана е во 1923 год.
Недвојбен е фактот дека производите на нашата фабрика се од витално значење за индустријата на една земја, и истите се во употреба во производните хали, работилници, домаќинства… во Р.Македонија повеќе од 50 години.

Пласманот на производите од фабриката СЕВЕР во Р.Македонија е вршен преку индивидуални претставници, преку сопствено претставништво со свој деловен простор, кое во 1992 год. е трансформирано во правен субјект под името СЕВЕР ТРГОВИНА кој пак денес го носи името АТБ СЕВЕР МАК дооел, Скопје, преку кој правен субјект се врши целокупниот пласман на целиот асортиман на производи од фабриката АТБ СЕВЕР од Суботица.

Дејност

Пласман на сите видови производи на фабриката АТБ СЕВЕР а.д од Суботица во Р.Македонија. Пласманот се врши на стока која е франкирана до Скопје, оцаринета и сместена во наш магацин или во одредени случаи допремена до крајниот корисник. Одредени големини на ел.мотори, пумпи за питка вода, пумпи за парно греење и др. држиме на лагер во Скопје, останатото го правиме по конкретна нарачка.

Во секој момент нудиме техничка поддршка, стручна помош на постојните и потенцијалните корисници на нашите производи, самостојно и во соработка со конструкторите од нашата фабрика. Исто така обезбедуваме сервис и поправки на поизводите од АТБ СЕВЕР во и вон гарантен рок.

Цели

Се радуваме на можноста успешно да чекориме кон остварување на вашите барања за сигурни, квалитетни, рационални, ефикасни, долговечни електромоторни погони.
Животот е движење, а нашите производи се едни од многуте реални остварувања на непредвидливите имагинации на софистицираниот човечки ум, се со цел за подостоинствено живеење.




design ATB SEVER DOO

e-mail webmaster@rs.atb-motors.com